Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Заврши реконструкцијата на дел од пештерната црква Св. Богородица во Велгошти

Заврши реконструкцијата на дел од пештерната црква Св. Богородица во Велгошти

1 min read
Заврши реконструкцијата на дел од пештерната црква Св. Богородица во Велгошти

Охрид, 2. декември 2024 (ИНПРЕС) – Комплетирана реконструкцијата на пештерната црква Св. Богородица, што се наоѓа во селото Велгошти.

Реконструктивните зафати траеа четири месеци со екстремно тешка акција поради непристапноста и конфигурацијата на теренот.

Но, заеднички сѐ се може, вели Тони Брдароски за Супер радио и InPress, па месното население помогна во носењето на материјалите.

– Камбанаријата комплетно е завршена, кујната е обложена и заштитена од надворешни услови и како и чешмата. Средствата за реконструкцијата беа обезбедени од мојата фамилија и помал дел донации за и околу ручекот по акцијата за пренос на материјалите, рече Брдароски.

Пештерската црква Св. Богородица во Велгошти е изградена кон крајот на XIV век, кога е и нацртан фрескоживописот. Поради пожар пресликана е во 1995 година. Од некогашниот фрескоживопис сочувани се остатоци во олтарниот простор и тоа претставата на „Св. Богородица со малиот Христос“ и по еден ангел од страната.

Оваа е најмала ваква црква на охридското крајбрежје, со најмалку сочуван оригинален фрескоживопис. Претставува изолирана црква идеална за потребите на монаси. (Крај)

извор: ИнПрес фото: Тони Брдароски

Post navigation

Previous АМСМ: Забрана за товарни возила на патот Маврово-Дебар поради обилни врнежи од снег
Next Панел дискусија на тема Збогум Буково и Мауцкер

Слични вести

Утре ќе се подигнува селектиран отпад од неколку охридски улици Утре ќе се подигнува селектиран отпад од неколку охридски улици
1 min read

Утре ќе се подигнува селектиран отпад од неколку охридски улици

Здравје: Едноставни совети од лекарите за квалитетен и подобар сон Здравје: Едноставни совети од лекарите за квалитетен и подобар сон
1 min read

Здравје: Едноставни совети од лекарите за квалитетен и подобар сон

Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид

Утре започнува 91 Средба на правниците во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.