Скопје/Охрид, 29. мај 2023 (ИНПРЕС) –Започна исплатата на пензиите за месец мај.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички, ќе се реализира во четири групи, според висината на пензиите и тоа:
• за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.05.2023 година (понеделник);
• за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.05.2023 година (вторник);
• за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.05.2023 година (среда) и
• за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 01.06.2023 година (четврток).
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, независно од висината, со парите ќе може да располагаат веќе од денес. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива