Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Започна обуката за спасители на вода, пријавени 13 кандидати

Започна обуката за спасители на вода, пријавени 13 кандидати

1 min read

Охрид, 23. јуни 2023 (ИНПРЕС) – Од денеска стартува обуката за спасители на отворени води, што се одивива под водство на национални инструктори за безбедност на вода.

Пријавени се вкупно 13 кандидати, обуката ќе трае 8 дена, заклучно со 30-ти јуни. Обуката ќе се одвива и претпладне и попладне интензивно и тоа теоретски во нашите простории и практично на капалиштата што се специфични на охридското крајбрежје, вели за Супер радио и InPress претседателот на Црвен крст Охрид, Сашо Точков.

– Вчера одржавме прелиминарен состанок со пријавените кандидати. Денес се прелиминарните тестови, проверка на психофизичката способност, плвање нуркање, соодветно на критериумите на Меѓународната федерација за безбедност на вода. Ќе видиме колку од нив ќе ги поминат тестовите и ќе продолжат со обуката во попладневните часови.Очекуваме дека пријавените успешно ќе ја завршат обуката и ќе можеме да ги ангажираме на капалиштата, додаде Точков.

За разлика од години претходно кога имало по 50-60 кандидати, Точков потенцира дека за жал не е голем интерсот, иако платите за ангажираните спасители биле солидни.

Со оглед на тоа што летната сезона започна, Точков вели дека дел од капалиштата, како хотели „Метропол“, Golden beach, веќе пројавиле интерес, па таму веќе од 1-ви јули ќе започне ангажманот на спасители на вода, соодветни парамедици, кои во текот на летниот период ќе се грижат за безбедноста на капачите. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Претставата „Сергеј е многу глупав“ утревечер и во вторник репризно пред охриѓани
Next Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 26. степени

Слични вести

ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини
1 min read

ЈП „Билјанини извори“: Сечењето на дрвата кај каналот „Студенчишта“ е од безбедносни причини

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.