Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Претставата „Сергеј е многу глупав“ утревечер и во вторник репризно пред охриѓани

Претставата „Сергеј е многу глупав“ утревечер и во вторник репризно пред охриѓани

1 min read

Охрид, 23. јуни 2023 (ИНПРЕС) – Утревечер и во вторник, 27-ми јуни, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид од 20:00 часот, репризно ќе ја одигра претставата „Сергеј е многу глупав“ од Дмитриј Данилов, во режија на Дејана Николовска.

– Во претставата се разигрува ситуација во која се кршат границите на реалноста во животот на еден актуелен современ лик – компјутерски програмер. Навидумедноставна животна ситуација одеднаш се претвора во егзистенцијална ситуација. Курири-доставувачи, неочекувано доаѓаат кај Сергеј и уште од прагот соопштуваат дека имаат намера да поминат точно еден час со него, по што ќе му дадат пратка со непозната содржина. Од овој момент па натаму, започнува надреалистично шоу кое го вовлекува гледачот во динамична игра во која дијалозите и хероите ги рушат сите очекувани театарски стереотипи и во која крајот за гледачите е целосно непредвидлив. Серјожа не е глупав. Тој е типичен млад обрaзован човек, продукт на еден систем и наедно време. Тој го разбира животот на одредено ниво, како и повеќемината од нас. Тој се плаши од ирационалното кое, кога ќе влезе во нашите животи, треба да се третира соодветно. Во спротивно, може да остави несогледливи последици по животот. Што би направиле вие на местото на Сергеј? Дали би ја отвориле пратката, порачуваат од Центарот за култура.

Улогите се на Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Горан Стојаноски, Филип Кипровски и Елизабета Стефановска.

Билетите се продаваат во Центарот за култура во Охрид по цена од 200 денари. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Охридскиот хор Vox Lychnidos ќе настапи на јубилејниот 50-ти Меѓународен хорски фестивал „ТЕХО 2023” во Тетово
Next Започна обуката за спасители на вода, пријавени 13 кандидати

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.