Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Започнува Фестивалот на народна култура „Пображење“ во Вевчани

Започнува Фестивалот на народна култура „Пображење“ во Вевчани

1 min read
Започнува Фестивалот на народна култура „Пображење“ во Вевчани

Вевчани, 16. август 2023 (ИНПРЕС) – Со програмската содржина „Народната култура во Вевчани инспирација за младите ликовни уметници, денеска во Вевчани започнува 13-тиот по ред Фестивал на народна култура „Пображење“.

Преку целиот ден на различни локации низ Вевчани ќе творат децата на детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ од Битола, а вечер во дворот на МКЦ во Вевчани ќе бидат изложени нивните дела за посетители. Веднаш по изложбата започнува Ревијата на народни носии насловена „Моштенки“ на авторот Филип Јаковлески од Битола на која ќе бидат презентирани носии, песни и ора од етничкиот предел Леринско поле во изведба на КУД „Илинден“ од Битола.

Фестивалот свечено ќе биде отворен утревечер на големата сцена во центарот на Вевчани, каде две вечери, на 17-ти и 18-ти август, народната култура ќе ја презентираат ансамбли од нашата земја и од странство. Во рамки на програмата овваа година од Македонија на фестивалот ќе учествуваат КУД-ва и Ансамблите: „Бојмија“ од Гевгелија, „Блажевски“ од Скопје, „Ефрем Каранов“ од Кратово, „Копачка“ од Драмче, „Кочо Рацин“ од Скопје, Здружение на пензионери од Охрид, како и фолклорните ансамбли од Ескишехир – Република Турција, Морачки морнари од Шериќи – Босна и Херцеговина и Топлица од Прокупље – Србија.

Фестивалот завршува на 19-ти август на големиот празник Преображение Христово со концерт на Ансамбл „Македонија“ од Скопје со почеток во 20:30 часот на анфитеатарот „Успение на Пресвета Богородица“ во центарот на Вевчани.

– И оваа година се потрудивме да обезбедиме содржајна програма на нашиот фестивал, впрочем каква што доликува за Вевчани и секако за нашата држава. Се трудиме фестивалот да си ја задржи својата автентичност, разноликост и посебност при што во иднина уште повеќе ќа работиме во таа насока. Не радува што интересот за учество на овој фестивал од година во година е се поголем, но, поради ограничувачки пред се смештајни капацитети во Вевчани програмата ја конципираме на толку учесници колку што можеме домаќински и професионално да ги пречекаме и угостиме, вели д-р Тошо Чочороски, директор на фестивалот.

Фестивалот „Пображење“, покрај презентација и развој на народната култура има за цел да ги поттикне нашите македонски фолклорни друштва да истражуваат и презентираат што повеќе изворен традиционален фолклор, при што доделува плакета „Чувари на изворната традиција“ на оној ансамбал кој најдобро ќе презентира на фестивалот ваков тип на фолклор. За плакетата одлучува стручниот совет на фестивалот во состав: проф-др Мирјана Мирчевска, етнолог; проф-др Велика Стојкова Серафимовска, етномузиколог; проф-др Даворин Трпевски, етнолог; Јовица Блажевски, професионален играч и пејач во Танец; Наташа Кукоска, етнолог.

Фестивалот на народна култура „Пображење“ во Вевчани е во организација на КУД „Дримкол“ од Вевчани, под покровителство на општина Вевчани и на општествено-одговорни фирми и организации од Вевчани.

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Финално одбројување до стартот на вториот Меѓународен ракометен турнир „Крсте Андоновски“
Next „Езерско“ фудбалско дерби, во сабота Караорман гостува во Охрид

Слични вести

Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија
1 min read

Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања
1 min read

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.