Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • „Иднината на времето, климата и водата низ генерациите“ во фокус на Светскиот метеоролошки ден

„Иднината на времето, климата и водата низ генерациите“ во фокус на Светскиот метеоролошки ден

1 min read

Скопје, 23. март 2023 (ИНПРЕС) – Иднината на времето, климата и водата низ генерациите е темата на годинашниот Светски ден на метеорологијата што се одржува за време на 150-годишнината на Светската метеоролошка организација и ги истакнува минатите достигнувања, сегашниот напредок и идниот потенцијал на метеоролошките сервиси.

Свеченоста по повод Светскиот ден на водите – 22-ри март и Светскиот метеоролошки ден – 23-ти март годинава ќе се одржи во метеоролошката станица во Берово. На свеченоста ќе се обрати градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски и директорот на Управата за хидрометеоролошки работи, Ивица Тодоровски, а ќе има и доделување признанија на вработени кои во УХМР навршуваат 10, 20 30 и 40 години работен стаж.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, во државава првите метеоролошки мерења и набљудувања се вршени уште во 19 век, во периодот од 1891 до 1899 година, во Скопје од страна на чиновниците од Австрискиот конзулат, а по катастрофалните поплави од 1922 година, Генералната дирекција за води во 1923 година формира мрежа на 25 дождомерни станици.

Хидрометеоролошката служба е формирана во 1947 година, а во годините што следат се формираат голем број метеоролошки и хидролошки станици од различна категорија.

– Напоредно со стекнувањето со статусот на независна држава, а особено со членството во СМО во 1993 година, УХМР ги започна првите чекори кон автоматизација на набљудувањата, и следејќи го технолошкиот напредок во информатиката и телекомуникациите го усвои новиот начин за размена на податоците во меѓународните програми на Светското метеоролошко бдеење (World Weather Watch), вели директорот на управата, Ивица Тодоровски.

Во последните години, како што посочува, во Управата интензивно се работи на модернизација на класичните методи на мерења и инсталација на автоматски метеоролошки мерења.

– Денес Управата располага со над 60 автоматски метеоролошки станици, над 40 автоматски хидролошки станици и секоја година се врши модернизација на постојните радарските системи, дополнува тој.

Тодоровски посочува дека, меѓу другото, УХМР учествува во експерименталната програма за заштита од град применувајќи најсовремена метода на авионско засејување на облаците.

Во однос на идните планови ги издвојува обезбедување продукти и услуги кои, како што вели, не се само од национално значење, туку се глобални стремежи на метеоролошките служби во целиот свет, предводени од Светската метеоролошка организација.

– Во наредните децении во фокусот ќе бидат истражувањата за обемот и темпото на промените во нашето време и клима, и во нашиот воден циклус кои се надеваме ќе помогнат да станеме поотпорни и навреме да се прилагодиме, вели тој. (Крај)

извор: Опсервер фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Фудбалското игралиште на Градскиот стадион времено ќе биде затворено за користење
Next Највисока температура на воздухот 37,5 степени, во еден ден може да наврнат над 90мм дожд – Факти за метеоролошките мерења во Охрид

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.