Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Изложба на стари фотографии „Охрид 1940-45“ во „Куќа на Уранија“ МАНУ во Охрид

Изложба на стари фотографии „Охрид 1940-45“ во „Куќа на Уранија“ МАНУ во Охрид

1 min read
Изложба на стари фотографии „Охрид 1940-45“ во „Куќа на Уранија“ МАНУ во Охрид

Охрид, 10. јули 2023 (ИНПРЕС) – Во НУЦ „Куќа на Уранија“ – МАНУ во Охрид, утре со почеток во 20:00 часот ќе биде отворена изложбата на стари фотографии насловена „Охрид 1940 – 45“.

Изложбата претставува ретка можност да се видат фотографии од Охрид снимени во периодот од 1940 до 1945 година од фотографот Јонче Поп Стефанија (1915, Охрид – 1983, Охрид).

Фотографиите се изработени од оригинални негативи, на архивска хартија и истите се од колекцијата на Македонскиот центар за фотографија. Автор на изложбата е Роберт Јанкулоски, универзитетски професор и директор на Македонски центар за фотографија, јави порталот okno.mk.

Изложбата го опфаќа периодот на Втората светска војна како и времето пред започнувањето на војната, а дел од фотографиите се снимени веднаш по ослободувањето на Охрид.

На фотографиите е прикажан животот во Охрид за време на војната, граѓаните, војниците присутни во градот и секојдневните активности на Охриѓани.

Изложбата ќе биде поставена до 19-ти јули 2023 година.
извор: okno.mk фото: okno.mk

Post navigation

Previous Опожарено возило на улицата „Димче Ковачески“ во Струга
Next SUPER Fresh music: Kim Petras – King of Hearts

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.