Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

1 min read
ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Охрид кеј Македонија сонце Охридско Езеро

Охрид, 6. март 2026 (ИНПРЕС) – Во деветтата недела од 2026 година, во периодот од 23-ти февруари до 1-ви март, во Република Македонија се пријавени 767 случаи на групни пријави за заболени од грип и заболувања слични на грип, за 31,1% помалку во споредба со минатата недела се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Од нив 430 лица се на возраст од 15-64 години, 123 лица на возраст над 65 години, 110 деца на возраст од 5-14 години и 104 на возраст од 0-4 години.

– Заболените лица оваа недела се регистрирани во Скопје – 447, Прилеп и Тетово – по 45, Струмица – 39, Штип – 30, а во Гевгелија, Охрид, Куманово, Дебар, Струга, Свети Николе, Гостивар, Радовиш, Пробиштип, Кичево, Битола, Кавадарци, Неготино, Македонски Брод, Велес, Крива Паланка, Валандово, бројот на заболени е помал од 30. Во Демир Хисар, Ресен, Кочани, Берово, Виница, Делчево, Пехчево, Кратово и Крушево нема пријавени заболени лица од грип и заболувања слични на грип, стои во извештајот.

Во Охрид изминативе речиси два месециконстантно се намалува бројот на новозаболени и се бележи сезонска активност на вирусот на грип.

Во сезоната 2025/2026 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 15.751. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е намален за 21%. Најголем број заболени се евидентирани во јануари. Во текот на сезоната на грип, регистрирани се четири починати лица асоцирани со грип.

Од 16 октомври започна да се спроведува бесплатната вакцинација против сезонски грип за ризичните групи граѓани, а интересот е голем. Досега на ниво на Република Македонија со бесплатна вакцина се имунизирани вкупно 77.280 лица од ризичните категории. Покрај тоа набавени се и 2.400 дози комерцијални вакцини за останатото население и досега се имунизирани 1.839 лица.

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила
Next Повторно оштетувања на пешачката патека кон „Парк“ (Фото)

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.