Охрид, 6. март 2026 (ИНПРЕС) – Водата во селото Долно Лакочереј е безбедна за пиење, додека во Горно Лакочереј забраната останува на сила.
– ЈП „Водовод“ Охрид ги известува жителите на село Долно Лакочереј дека по извршените дополнителни анализи на водата за пиење од страна на Центар за јавно здравје Охрид и добиените резултати, се укинува забраната за пиење на водата. Во село Горно Лакочереј сѐ уште е на сила забраната за пиење на водата, стои во информацијата од претпријатието. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
