ИЈЗ: Нови 4 случаи на Covid-19, еден регистриран во Струга
February 11, 2025

Скопје/Струга, 11. февруари 2025 (ИНПРЕС) – Во периодот од 3-ти до 9-ти февруари 2025 година, регистрирани сe 4 нови позитивни случаи на Covid-19, за 2 случаи помалку во однос на минатата недела, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

– Регистрирани се 2 заболени лица од Скопје и еден по едно во Штип и Струга. Регистрирани се 6 оздравени лица. Во текот на минатата недела не се регистрирани починати лица асоцирани со Covid-19, стои во извештајот.

Годинава, заклучно со 9-ти февруари регистрирани се вкупно 24 заболени лица. Бројот на заболени лица во месец јануари 2025 година е за 3,3 пати поголем во однос на месец декември 2024 година.

Иако бројот на заболени од Covid-19 на неделно ниво е мал, со оглед на тоа дека во тек е периодот на зголемена циркулација на респираторни вируси постои ризик активноста на SARS-CoV-2 да се зголеми, што ја нагласува континуираната потреба од надзор (епидемиолошки и вирусолошки) на национално и регионално ниво. (Крај)

извор: ИЈЗ фото: ИнПрес