Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ИЈЗ: Пријавени 64 случаи на сезонски грип, во Охрид и натаму не се евидентирани заболени

ИЈЗ: Пријавени 64 случаи на сезонски грип, во Охрид и натаму не се евидентирани заболени

1 min read

Охрид/Скопје, 23. ноември 2023 (ИНПРЕС) – Во периодот од 13-ти до 19-ти ноември во Република Македонија пријавени се 64 случаи на сезонски грип, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

– Заболените се пријавени од единаесет ЦЈЗ/ПЕ, во Дебар – 37, Струмица – 12, Тетово – 9, а во Куманово, Пехчево, Прилеп и Скопје бројот на пријавени е помал од 5. Во 6 извештајни единици кои пријавија случаи во текот на оваа недела се регистрира многу ниска, а во една (Дебар) –средна активност на вирусот на грип. Во однос на возрасната дистрибуција, 26 лица се на возраст од 15-64 години, 18 кај деца на возраст од 0-4 години, 16 кај деца на возраст од 5-14 години и 4 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години, е наведено во неделниот извештај.

Во сезоната 2023/2024 вкупниот број на случаи на грип/ заболувања слични на грип изнесува 351. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 2,8 пати.

Од ИЈЗ потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување, особено за ризичните групи граѓани. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Бектеши: Струјата нема да поскапи, цената останува иста и по 1-ви јануари
Next НП Галичица во потрага по волонтери

Слични вести

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци? Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?
1 min read

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите
1 min read

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска „Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска
1 min read

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.