Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Кафеаните ќе треба да направат посебни влезови до простории за непушачи – предлог-законот за пушење на 24 март на владина седница

Кафеаните ќе треба да направат посебни влезови до простории за непушачи – предлог-законот за пушење на 24 март на владина седница

1 min read
Кафеаните ќе треба да направат посебни влезови до простории за непушачи – предлог-законот за пушење на 24 март на владина седница

Скопје, 19. март 2026 (ИНПРЕС) – Предлог-законот за заштита од пушење ќе се најде на владина седница на 24 март, по што влегува во собраниска процедура. Министерот за здравство, Азир Алиу, најави дека се очекува законот да биде целосно усвоен во рок од еден до еден и пол месец.

Иако првично беше најавено дека примената ќе започне од 1 март, рокот беше пролонгиран за да се усогласат барањата на угостителите и на тутунската индустрија.

Алиу вели дека имале неколку состаноци со сите заинтересирани страни и оти сите забелешки биле анализирани и од научна гледна точка, и од економски, инфраструктурен, социјален, здравствен аспект.

На новинарско прашање дали има некакви измени од првичното што беше понудено, во однос на барањата на угостителите, Алиу рече дека секоја анализа ако се прави доволно квалитетно и со стручни луѓе многу брзо се доаѓа до решение на проблемот.

Во однос на бројот на страните што треба да бидат отворени во објектот, дали станува збор за две или за три, Алиу рече дека според Светската здравствена организација има дефинирани услови за тоа каде треба да има чист воздух.

Вели дека направиле научна анализа како може и кои се максималните и минималните услови за да може просторот да се третира како простор за пушење или простор каде што не се дозволува пушење.
Заклучокот до кој дошле е дека со две отворени страни на терасите може да се дозволи пушење бидејќи, како што рече, просторот се проветрува доволно и со две отворени страни. Ова, додаде тој, е олеснување за угостителите кои поради градбата на објектите не можат да обезбедат три отворени страни.

– Само во Скопје имаме над 7 000 угостители коишто имаат тераси. Според структурата на градот и во другите градови, но уште еднаш напоменувам, посебно во Скопје, поголем дел од тие угостителски објекти се со таква инфраструктура што е невозможно да има три страни отворени. На пример, во аголни и така натаму, коишто од едната и од другата страна имате објекти што не можете да ги урнете за да имате три страни отворени, додаде Алиу.

Доколку објектот има подвижен покрив кој се отвора, Алиу рече дека и тоа ќе се третира како отворена површина која овозможува брзо чистење на воздухот.

Она што угостителските објекти ќе го добијат како најголем инфраструктурен зафат што ќе треба да го направат е да обезбедат влез што ќе биде физички одвоен од просторот каде што е дозволено пушењето. Целта е непушачите да имаат пристап до објектот без да бидат изложени на чад.

– Идејата на законот е да ги штитиме граѓаните кои не пушат, а да им одредиме место на оние што пушат. Задоволен сум што секој граѓанин што не консумира цигари ќе може да влезе во кој било објект без да има пристап до просторот каде што се пуши, изјави Алиу.

Министерот се надева дека за две години ќе има намалување на бројот на пушачи во земјава од 45 отсто на бројка која ќе се спушти на 20 проценти. (Крај)

извор: 360 степени фото: архива

Post navigation

Previous Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Република Македонија
Next Неколкучасовен прекин во водоснабдувањето во делови од Охрид

Слични вести

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“
1 min read

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни
1 min read

Трето издание на „Детски Прличеви беседи“ на 9. jуни

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival
1 min read

На крај на јуни ќе се одржи петтото издание на Ohrid Wine Festival

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.