Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Курт: Македонските аеродроми се движат кон своите највисоки нивоа на патнички сообраќај

Курт: Македонските аеродроми се движат кон своите највисоки нивоа на патнички сообраќај

1 min read

Скопје/Охрид, 7. јуни 2023 (ИНПРЕС) – На двата македонски аеродроми ќе има многу работа во наредниот период, а тоа е поради зголемените аеродромски операции кои ги имаме годинава, за што сме навистина среќни, се разбира откако претходно бевме силно погодени од ковид-кризата, која силно ја погоди целата воздухопловна индустрија ширум светот, вели во интервју за „Локално“ новиот генерален директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт.

Додава дека македонските аеродроми се движат кон своите највисоки нивоа на патнички сообраќај, бидејќи сé повеќе луѓе патуваат со авион. Во однос на тоа дека граѓаните често се жалат на малиот број на дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром, Курт посочи дека работат многу напорно да привлечат нови авиокомпании кои ќе почнат да летаат од двата македонски аеродроми и да отворат нови дестинации кои ќе бидат корисни за македонските граѓани.

– Со оглед на тоа како започна оваа година, со 44 отсто пораст на бројот на патници во првите 4 месеци во однос на 2022 година, очекуваме овој растечки тренд да продолжи со исто темпо, дури и со повисока стапка, со оглед на тоа што ќе имаме 3 нови линии од скопскиот аеродром до крајот на јуни – Франкфурт со дневна фреквенција, Сплит и Осло (со Норвеџиан ерлајнс), и зголемени фреквенции на голем дел од постоечките авиолинии, со што ќе се зголеми обемот на вкупниот патнички сообраќај. Од Охридскиот аеродром ќе имаме 3 нови линии – Манчестер, Лондон и Белград.

Дополнително, за време на летната сезона на летање, која на аеродромите започнува на крајот на март и завршува на крајот на октомври, ги имаме традиционалните сезонски туристички дестинации како Бодрум, Анталија, Измир, Монастир, Енфида и Ларнака од Скопје; и Амстердам, Варшава, Катовице, Манчестер, Лондон и Белград од Охрид, изјави Курт.

Во моментов, од Меѓународниот Аеродром Скопје има вкупно 54 дестинации и 21 авиокомпанија. 16 авиокомпании летаат на 47 редовни авиолинии, во текот на целата година, а 5 летаат на 5 сезонски авиолинии. На охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“, има 8 авиокомпании кои летаат до 13 дестинации во летниот ред на летање. (Крај)

извор: Локално фото: архива

Post navigation

Previous Ралева Најдевска: Преку апликацијата TrashPinger секој од нас може да пријави дива депонија и да помогне во отстранување на отпадот низ градот
Next „Сергеј е многу глупав“ нова премиера на охридскиот народен театар

Слични вести

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии
1 min read

Давид Велковски дел од Европскиот семинар за врвни Таеквон-До судии

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Хуманитарен концерт „Охрид знае љубов што е“ – Омаж за Григор Копров

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца
1 min read

Црвен крст Охрид ќе додели признанија за придонес во развојот на крводарителството во Охрид и Дебрца

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.