Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Легендaрните фудбалери на Црвена ѕвезда повторно во Охрид, посебно доживување ќе биде ревијалниот натпревар меѓу ветераните на Црвена ѕвезда и Охрид (Фото)

Легендaрните фудбалери на Црвена ѕвезда повторно во Охрид, посебно доживување ќе биде ревијалниот натпревар меѓу ветераните на Црвена ѕвезда и Охрид (Фото)

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Охрид, 25. мај 2023 (ИНПРЕС) – Охриѓани повторно имаа несекојдневна можност да се дружат со легендите на фудбалот на поранешна Југославија, некогашните фудбалери на Црвена ѕвезда од Белград.

Заеднички фотографии, автограми на дресови, сеќавања и многу емоции…Овде се чувствуваме како дома, верувам ова ќе прерасне во традиција, еднаш годишно да доаѓаме овде и да им оставиме аманет на идните генерации, изјави за Супер радио и InPress поранешниот играч за врска и стандарден првотимец Бошко Ѓуровски.

Нема достапен опис.

– По втор пат се одржува ваква средба, иако јас сум бил повеќе пати во Охрид, секогаш сме поминувале одлично, со колегите кога ќе муабетиме со нетрпение го очекуваат следното доаѓање тука, рече Ѓуровски.

Во однос на фудбалот што се играл во минатото и денес, тој го поддржува модерниот фудбал што е побрз, поинтензивен, но вели недостасуваат мајстори/дриблери.

– Јас сум за модерна технологија, но има и контроверзии и VAR знае да згреши. Не можам да кажам дека е лошо, сепак технологијата оди напред. Јас мислам дека треба фудбалот да донесе некои нови правила. Модерниот фудбал е побрз, поинтензивен, но недострасуваа т мајстори, дриблери, тренерите сакаат тимска игра и тоа го убива талентот, дриблингот, а тоа е нешто што привлекува внимание, истакна Ѓуровски.

Нема достапен опис.

Преку спорт полесно може да се контролираат емоциите вели Ѓуровски порачувајки им на младите повеќе да се занимаваат со спорт и да не се преокупирани со компјутерите и социјалните мрежи.

Покрај Ѓуровски, во Охрид се и Милош Шестиќ, Здравко Боровница, Неделко Милосављевиќ, Јован Аќимовиќ, Јовица Николиќ, Митко Стојкоски, Драги Канатлароски, Тони Мицески и други, кои беа дел од репрезентацијата на Југославија во 60-те и 70-те години на минатиот век.

Нема достапен опис.

Освен средбите со охриѓани, фудбалерите имаа прошетка со брод по Охридското Езеро. За вистинските вљубеници во фудбалот посебно доживување ќе биде ревијалниот пријателски натпревар меѓу ветераните на Црвена ѕвезда и Охрид. Натпреварот ќе се игра на стадионот „Билјанини извори“ од 17:00 часот, а ќе биде отворена само новата трибина. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Претставата „Мали vs ГОЛЕМ” утре повторно пред охридската публика
Next Спасовски најави отворен Кабинет за граѓаните во повеќе градови низ државата, меѓу кои и Охрид

Слични вести

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина
1 min read

Со повеќе активности охридскиот Црвен крст ќе го одбележи Светски ден и неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.