Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Македонскиот зелник меѓу 50-те најдобро оценети печива во светот

Македонскиот зелник меѓу 50-те најдобро оценети печива во светот

1 min read

Загреб, 24. февруари 2023 (ИНПРЕС) – Светската енциклопедија за традиционални јадења „Taste atlas“ („Атласот на вкусот“) објави топ-листа најдобро оценети печива во светот. На списокот, поточно на 50-то место се најде и македонскиот зелник.

Од нашето соседство, во првите 20 се бугарската баница со сирење, босанскиот бурек и зељаница, хрватскиот бурек со сирење, грчката бугаца, турската баклава, „Газијантеп“ баклавата итн.

– Зелник е традиционална македонска пита која може да се наполни со разни состојки, како што се сирење, спанаќ, јајца, месо, праз или зелка. За да биде најдобар, зелникот треба да се премачка со путер и масло пред да се стави да се пече, па питата да добие златно-кафеава боја. Зелникот е најдобар кога се служи топол, а се препорачува со чаша јогурт, се вели во описот.

Просечната оценка за можеби една од најпрепознатливите македонски закуски е 4,4 .

„Атласот на вкусот“ комбинира автентични рецепти, критики од познавачите на храна и истражувачки написи за популарни јадења и состојки, па на тој начин е создадена и листава на најдобри пекарски производи во светот. (Крај)

извор: Опсервер фото: архива

Post navigation

Previous Викендов промоција на „DARE“, прв македонски дневник што се фокусира на телесната дисморфија од охриѓанката Емилија Наумоска
Next Водостојот на Охридското Езеро неколку дена е на природната кота 693,17 м.н.в

Слични вести

Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид
1 min read

Од денеска повторно почнува авиолинијата Истанбул-Охрид

Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега се пријавени околу 220 натпреварувачи од 8 земји Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега се пријавени околу 220 натпреварувачи од 8 земји
1 min read

Лазаревски: На Меѓународниот таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен” досега се пријавени околу 220 натпреварувачи од 8 земји

Викендов ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото Викендов ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото
1 min read

Викендов ќе се одржи 7. издание на планинско-езерскиот Фестивал на планината и езерото

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.