Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43
Охрид, 29. февруари 2024 (ИНПРЕС) – Денеска во 12:00 часот во ОМУ „Методи Патче“ во Охрид ќе се одржи манифестацијата „Ликот и делото на Тоше Проески“.
Настанот е во организација на училиштето и Спомен куќата „Тоше Проески“ од Крушево.
Ќе настапат хорот и оркестарот од музичкото училиште со обработки на песни од богатиот опус на Проески. Присутните ќе погледнат и документарен филм за Тоше, а ќе бидат презентирани и фотографии и облека.
Од училиштето информираат дека влезот ќе биде слободен. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
