Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Матурска парада во четврток во Охрид

Матурска парада во четврток во Охрид

1 min read
Матурска парада во четврток во Охрид

Охрид, 18. мај 2026 (ИНПРЕС) – Завршни подготовки пред годинашната матурска парада,што ќе се одржи во четврток, 21 мај, точно напладне, на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во Охрид.

На овој, веќе традиционален настан ќе учествуваат околу 350 матуранти од сите охридски средни училишта кои ќе го изведат танцот „Квадрил” од Штраусовата опера „Лилјакот”.

И годинава за подготовките и сé да изгледа онака како што доликува се грижи професорката м-р Катерина Стојаноска.

– Подготовките се во завршна фаза, обучени се сите матуранти. Овој настан го симболизира преминот од средно образование кон нови животни предизвици и испраќа порака за мир и толеранција, изјави неодамна за OhridPress и Супер радио професорката Стојаноска.

Заедно со нашите матурани, во исто време ќе танцуваат и нивните врсници од неколку македонски градови, но и од градови во Европа.

„Квадрил” е класичен танц што потекнува од 18. век и се изведува во четири слики: панталон, ете, пасторел и финале.

Матурската парада е покрената во 2001 година во Словенија, а нејзин идеен творец е Томаж Амброж од танцовата школа „Уршка” во Љубљана. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Здравје: Искусен хирург предупредува за храна што го уништува срцето, а ја јадат милиони
Next Црвен крст Охрид започна со регрутација на нови кандидати за спасители на вода

Слични вести

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Утре започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“ Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“
1 min read

Вечерва прв солистички концерт на охридскиот детски хор „Бамбино“

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“ Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“
1 min read

Во вторник започнува 10. Меморијален турнир во мал фудбал „Ѓоко Чингоски и Васко Речкоски-Профа“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.