January 7, 2016

Краљево/Охрид, 7. јануари 2016 (ИНПРЕС) – „Ја видов веста дека на 1. јануари во Охрид е уапсен Србин поради убиство. Ни во лудило немаше да помислам дека тоа е мојот син“, кажала во разговор за српски Блиц, Нада Угреновиќ, мајка на Бојан Угреновиќ (29) од Конарево кај Краљево.

Бојан е уапсен под сомнение дека на новогодишната ноќ го убил Димитар Матиловски (27). На Угреновиќ му се заканува казна од доживотен затвор.

– Дури околу 23 часот, ни се јавија од амбасадата за да ни кажат дека Бојан е уапсен.Не можевме да веруваме! Сé уште не веруваме во тоа. Бојан е мирно дете, за пример. Смирен. Во тепачки не учествувал, тоа не личи на него, вели мајката.

Таа и сопругот веднаш тргнале за Македонија, а поради празниците, не можеле да го видат синот кој најпрвин бил во притвор во Охрид, од каде е префрлен во „Шутка“ во Скопје.

Нада после полноќ на Нова година му испратила порака за да му честита, но не добила одговор. Мислела дека причина било тоа што телефонските мрежи се премногу оптоварени.

Објаснила дека Бојан живеел и работел во Германија во последната година и половина. Во Белград дошол пред празниците. Мајката објаснила дека двајцата пријатели со кои отпатувал во Охрид ги познавала-едниот играл фудбал, а другиот возел камион.

Како што објаснил адвокатот на осомничениот, Бојан се бранел со молчење. (Крај)

извор: Стандард фото: архива