June 29, 2015

Бон, 29.јуни 2015 (ИНПРЕС)- Германската канцеларка Ангела Меркел е подготвена да разговара со премиерот на Грција Алексис Ципрас „доколку и тој е подготвен за тоа“, изјави портпаролот на канцеларката, Штефан Зајберт, пренесува грчката агенција АНА-МПА.

Целта на Берлин секогаш ќе биде да ја задржи Грција во еврозоната, додаде Зајберт и додаде дека крајната цел е силна еврозона.

Зборувајќи за најавениот референдум во Грција, Зајберт истакна дека, грчката одлука да свика референдум е легитимна, но дека без да го знае прашањето кое ќе биде поставено на референдумот, не сака да коментира, пренесува оваа агенција.(Крај)

избор:АНА-МПА  фото:архива