Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • МТТФ освои 42 медали, 2 пехари за најдобри поединци и пехар за трето место севкупен пласман на „Тирана Опен 2026”

МТТФ освои 42 медали, 2 пехари за најдобри поединци и пехар за трето место севкупен пласман на „Тирана Опен 2026”

1 min read
МТТФ освои 42 медали, 2 пехари за најдобри поединци и пехар за трето место севкупен пласман на „Тирана Опен 2026”

Охрид, 31. март 2026 (ИНПРЕС) – Со 15 златни, 13 сребрени, 14 бронзени медали, 2 пехари за најдобри поединци и пехар за трето место севкупен пласман се вратија теквондистите на Македонската традиционална таеквондо федерација од Меѓународниот натпревар „Тирана Опен 2026” во соседна Албанија.

Под водство на Марјанчо Лазаревски, Саша Поповски и Божидар Димитриевиќ боите на Македонија ги бранаеа 29 натпреварувачи од  пет клубови на МТТФ. На натпреварот учествуваа околу 200 натпреварувачи од 7 земји до Европа, Албанија, Македонија, Србија, Косово, Шведска, Австрија и Украина.

– Како претседател на федерација сум премногу горд на овој успех и сум блаогдарен на нашите натпреварувачи што дадоа сѐ од себе да ја претстават Македонија во најубаво светло. Во дисциплината  Бест оф д бест над 18 години се бореа Теодора Митреска, Владимир Димитриевиќ, Божидар Димитриевиќ освојувајќи награди од по 100 евра. Благодарност до генерлниот спонзор ПН Метал и Општина Охрид кои не подржуваат во нашите напори да се качуваме  по скалите на успехот, истакна претсетаделот Лазаревски.

Остварени резултати вкупно:

Хва Ранг ИТФ   8 златни, 4 сребрени, 3 бронзени медали + 2 пехари за најдобри поединци

Гебек                  4 златни, 5 сребрени, 4 бронзени медали

Сонкал               2 златни, 2 сребрени, 4 бронзени медали

Мастер               1 златен, 2 сребрен, 1 бронзен медал

Чонџи                 2 бронзени медали

Пехар за освоено трето место севкупен пласман.

Следен предизвик за МТТФ е учество на Европско првенство на Крит, што ќе се одржи од 19-ти до 26 април, а боите на Македонија ќе ги бранат 7 натпреварувачи. (Крај)

извор: ИнПрес фото: МТТФ

Post navigation

Previous Ристова-Димова за зачестените случаи на семејно насилство: Насилството, без разлика кон кого е упатено, раѓа само насилство
Next Со промоција на „Тапшин танана“ ќе се одбележи Светскиот ден на литературата за деца

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.