Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • МТТФ успеа да стигне до три борби за медал на Европското Таеквондо ИТФ првенство во Грција

МТТФ успеа да стигне до три борби за медал на Европското Таеквондо ИТФ првенство во Грција

1 min read
МТТФ успеа да стигне до три борби за медал на Европското Таеквондо ИТФ првенство во Грција

Охрид, 28. април 2026 (ИНПРЕС) – Македонската традиционална таеквон-до федерација  (МТТФ) успеа да стигне до три четврфинални борби за медал на ЕП што се одржа на Крит, Грција.

Боите на нашата репрезентација под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски ги бранеа 7 натпреварувачи кои покажаа одлични борби во своите групи, при што тројца од нив стигнааа до четвртфинале во борбата за медал, но за жал од ова првенство се вратија без освоен медал.

– Миа Танеска, беше најблиску до медал во категорија борби, девојчиња 11–13 години (+65 кг), која во четвртфинале се бореше против пртеставничката на Шпанија. Давид Крстески еден од нашите најдобри натпреварувачи, кој првпат настапува како сениор, успеа да се пласира во четвртфиналето, победувајќи ги во неговата група, претсатвниците на Бугарија и Велс. Хриситјана Парулеска се натпреваруваше во форми и борби. Теодора Митреска иако прикажа квалитетни борби, не успеа да обезбеди пласман во борбата за медал, како и Владимир Димитриевиќ, кој не успеа да го повтори успехот од претходното Европско првенство во Естонија. Климент Богоески како дебитант на Европските првенства, прикажа одлични борби и оствари победа над претставникот на Шпанија, додека против натпреварувачите од Белорусија и Бугарија загуби во тесна бодовна разлика. Божидар Димитриевиќ, во категорија борби сениори настапи против претставникот на Естонија, пришто се здоби со повреда во втората рунда, вели претседателот Лазаревски.

Во склоп на нашата репрезентација настапуваше и Давид Велковски како бодовен судија, кој е лиценциран меѓународен Б класа судија. Ова е негово второ учество како судија на Европско првенство, извршувајќи ја својата задача професионално, на завидно ниво, со што веќе е најавен како судија за наредното Европско првенство кое ќе се одржи во Рига, Латвија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: МТТФ

Post navigation

Previous Здравје: Овесно или бадемово млеко – кое е подобро за вашето здравје?
Next Хуманитарен концерт за поддршка на социјално загрозените семејства на матуранти

Слични вести

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил
1 min read

Музичкото наследство на Тоше Проески во нова форма – албумот „Игри без граници“ објавен на винил

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.