Охрид, 28. април 2026 (ИНПРЕС) – Македонската традиционална таеквон-до федерација (МТТФ) успеа да стигне до три четврфинални борби за медал на ЕП што се одржа на Крит, Грција.
Боите на нашата репрезентација под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски ги бранеа 7 натпреварувачи кои покажаа одлични борби во своите групи, при што тројца од нив стигнааа до четвртфинале во борбата за медал, но за жал од ова првенство се вратија без освоен медал.

– Миа Танеска, беше најблиску до медал во категорија борби, девојчиња 11–13 години (+65 кг), која во четвртфинале се бореше против пртеставничката на Шпанија. Давид Крстески еден од нашите најдобри натпреварувачи, кој првпат настапува како сениор, успеа да се пласира во четвртфиналето, победувајќи ги во неговата група, претсатвниците на Бугарија и Велс. Хриситјана Парулеска се натпреваруваше во форми и борби. Теодора Митреска иако прикажа квалитетни борби, не успеа да обезбеди пласман во борбата за медал, како и Владимир Димитриевиќ, кој не успеа да го повтори успехот од претходното Европско првенство во Естонија. Климент Богоески како дебитант на Европските првенства, прикажа одлични борби и оствари победа над претставникот на Шпанија, додека против натпреварувачите од Белорусија и Бугарија загуби во тесна бодовна разлика. Божидар Димитриевиќ, во категорија борби сениори настапи против претставникот на Естонија, пришто се здоби со повреда во втората рунда, вели претседателот Лазаревски.
Во склоп на нашата репрезентација настапуваше и Давид Велковски како бодовен судија, кој е лиценциран меѓународен Б класа судија. Ова е негово второ учество како судија на Европско првенство, извршувајќи ја својата задача професионално, на завидно ниво, со што веќе е најавен како судија за наредното Европско првенство кое ќе се одржи во Рига, Латвија. (Крај)
извор: ИнПрес фото: МТТФ
