Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Над 15 лица пријавени за обука за личен асистент на лица со попреченост

Над 15 лица пријавени за обука за личен асистент на лица со попреченост

1 min read

Охрид, 30. ноември 2023 (ИНПРЕС) – Над 15 лица се пријавиле за следење на втората обука за личен асистент на лица со попреченост, организирана од Црвен крст Охрид.

Претседателот на организацијата Сашо Точков за Супер радио и InPress информира дека обуката ќе започне од следната недела.

– Црвен крст е овластена организација за спроведување на обуки за aсистенти на лица со попреченост во Охрид и Дебрца. Обука организираме по втор пат, содржи теоретски и практичен дел, во времетраење од два месеци. Обуката ќе ја изведува наставен кадар-едукатори (доктор по медицина, медицинска сестра, социјален работник и дефектолог), вели Точков.

По успешно завршената обука кандидатите ќе се стекнат со соодветен сертификат за личен асистент на лица со попреченост и ќе добијат можност за платен, работен ангажман во Нега центарот на Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Четворица охриѓани државни прваци во бокс
Next Охрид и понатаму со негативен природен прираст, во третиот квартал е – 54

Слични вести

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци? Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?
1 min read

Здравје: Колку се здрави протеинските прашоци?

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите
1 min read

Голабоска за InPress и Супер радио: Љубовта кон филмот се развиваше во втор план, театарот ми помогна во работата со актерите и градењето на улогите

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска „Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска
1 min read

„Заборави“ – нова љубовна балада на Мими Јовановска

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.