Охрид, 6. март 2023 (ИНПРЕС) – Вчера во Скопје се одржа Државното првенство во ката за 2023 година при Македонска традиционална карате федерација (МТКФ).
Карате клубот „Фудошин“ од Охрид учествуваше со 4 натпреварувачи: Наум Јаковлев, Марија Тодоровска, Али Џемаил и Ана Томоска).
Јаковлев во категоријата сениори го освои третото место.

Од клубот „Фудошин“ додаваат дека во тек се подготовките за Државното првенство во кумите за 2023 година, како и за 5-то Балканско првенство во традиционално карате штоќе се одржат следниот месец. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива







