Атина, 29.октомври 2015 (ИНПРЕС) – Најмалку 11 мигранти загинаа, меѓу кои осум деца во несреќи покрај грчките егејски острови Лезбос, Самос и Агатониси, а грчката крајбрежна стража почна спасувачки операции и трага по повеќе од 40 лица, кои се сметаат за исчезнати, јавија грчките медиуми.
Потрагата почна по инцидентот со бегалците во морето северно од Лезбос, во кој околу 38 лица се водат како исчезнати.
Грчките власти соопштија дека во операциите на крајбрежната стража биле спасени 242 лица. Бродови на Грција и на Фронтекс спасиле 71 мигрант покрај бреговите на Лезбос.(Крај)
извор:24Вести фото:архива
