Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охрид на крајот на март ќе биде домаќин на 5. Рапид турнир во шах „Езерски бисер 2026“

Охрид на крајот на март ќе биде домаќин на 5. Рапид турнир во шах „Езерски бисер 2026“

1 min read
Охрид на крајот на март ќе биде домаќин на 5. Рапид турнир во шах „Езерски бисер 2026“

Охрид, 3. март 2026 (ИНПРЕС) – Шаховскиот клуб „Ласкер“ Охрид го организирa 5. Рапид турнир во шах „Езерски бисер 2026“, што ќе се одржи на 29-ти март во ООУ „Братство Единство“ во Охрид.

Право на играње имаат сите шахисти со ФИДЕ код, а важат правилата на ФИДЕ за забрзан шах. Бројот на играчи е ограничен на 100. Ќе се игра по Швајцарски систем од 9 кола. Темпото на игра е 10’05” (10 мин по играч со додаток од 05 секунди) за секој потег, почнувајќи од првиот.

– Пријавувањето е најдоцна до 26 март 2026 на e-mail: laskerohrid@yahoo.com, а пријавените учесници ќе го потврдат своето учество на турнирот со своето присуство, во просторот за игра во спортската сала во ООУ „Братство Единство“ Охрид, ќе се пароваат само учесници кои најдоцна до 09:40 часот на 29 март 2026 год. го потврдиле учеството на турнирот со своето присуство и платиле котизација. Уписнината на турнирот изнесува 800 денари, за играчи без ФИДЕ код е 1100 денари, велат организаторите.

Наградниот фонд на турнирот изнесува вкупно 24.500 денари За прво место 6.000 денари, второ 5.000 денари, трето 4.000 денари, четвртото место 3.000 денари и петто 2.000 денари.

Покрај редовните награди, ќе бидат доделени и три специјални признанија. Награда од 1.500 денари ќе добие најдобриот шахист во категоријата над 60 години, исто толку ќе биде доделено и на најдобриот млад шахист до 18 години, како и на најдобрата шахистка на турнирот.

Шахистот може да добие само една награда – поголемата. При ист број на поени одлучува Бухолц – 1 (без најлошиот противник), Бухолц, Директна средба, Прогрес и/или Скратен прогрес.

Судии на турнирот се NА Константин Лушески, NА Борис Лушески и NА Ѓоко Котески. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Водата во Долно и Горно Лакочереј забрената за пиење
Next Со културната манифестација „Создадена да создава“ Охрид ќе го одбележи 8. Март

Слични вести

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не? Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?
1 min read

Здравје: Кафе на празен стомак – да или не?

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.