Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Нивото на Охридското Езеро се приближува до месечниот просек

Нивото на Охридското Езеро се приближува до месечниот просек

Охрид, 27. јуни 2023 (ИНПРЕС) – Врнежите од дожд што ги имавме периодов наназад, особено оние од викендот, позитивно влијаеа на хидролошката состојба на Охридското Езеро.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водата е на кота од 693,60 м.н.в, што е за 5 сантиметри под просекот за јуни (693,65 м.н.в), односно 50 сантиметри над дозволениот минимум (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода е 20 степени и е за пет степени повисока во однос на јунскиот просек.

Последнава недела езерското ниво е покачено за 2 сантиметри, а од почетокот на месецот досега за 8 сантиметри.

Можно е да е слика од текст

Нивоата на речиси сите реки во земјава се повисоки од повеќегодишниот просек за овој период од годината. Исклучок се реките Крива Река на мерното место кај Крива Паланка, Брегалница кај Берово и Црн Дрим кај Ложани каде има понизок водостој од просечниот.

Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. УВ индексот ќе биде 7, а максималната температура ќе се искачи до 28. степени.

– Утре попладне и кон крајот на денот ќе има дестабилизација со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во четврток ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови температурата да се намали за неколку степени, а од петок температурата повторно ќе биде во пораст, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР

Post navigation

Previous Проект и камп на Завод и Музеј Охрид за јакнење на капацитетите за управување со културното наследство на Oхридскиот Регион
Next SUPER Fresh music: Alessandra – Pretty devil

Слични вести

Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија
1 min read

Концерт на Јоце Панов на 18-ти март во Македонска филхармонија

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања
1 min read

Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Работилница за знаковен јазик утре во охридската гимназија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.