Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Проект и камп на Завод и Музеј Охрид за јакнење на капацитетите за управување со културното наследство на Oхридскиот Регион

Проект и камп на Завод и Музеј Охрид за јакнење на капацитетите за управување со културното наследство на Oхридскиот Регион

1 min read

Охрид, 27. јуни 2023 (ИНПРЕС) – Охридскиот Завод и Музеј започна со реализација на проектот „Јакнење на капацитетите за управување со културното наследство на Oхридскиот Регион: Обука за развој на бази на податоци и ГИС-платформа за недвижно културно наследство за Заводот и музеј –Охрид“.

Целта на проектот е да ги надгради знаењата и способноста на стручните лица во Заводот и музеј – Охрид во однос на ГИС-вештините со помош од меѓународни експерти и во соработка со експерти вклучени во развојот на ГИС платформа од наша и од Албанска страна.

– Проектот опфаќа разни активности, како што се: Разгледување на постоечката документација и спроведување на теренска проверка на моменталната состојба на културното наследство врз основа на список на регистрирани локалитети на културното и археолошко наследство во Охридскиот регион и документирање со фотографии и GPS лоцирање. Дигитализирање на документацијата со стандардизирана процедура за евиденција на културното наследство што треба да се воспостави во рамките на проектот, а која ќе трба да биде компатибилна со системите кои се веќе воспоставени во нашата установа со системот на националниот електронски регистер но и со европските стандарди, додаваат од установата.

Следен чекор ќе биде, соработката со експерти вклучени во развојот на национална ГИС платформа за археолошки и архитектонски споменици во Албанија и со релевантните општини во Албанија со цел зајакнување на прекуграничната соработка за специфичните потреби на регионот на Охридското Езеро.

За таа цел клучен е меморандум за соработка со „Културно наследство без граници – Албанија„ (CHwB Albania), со кои заедно ќе спроведуваат обуки. Во периодот од 10-ти до 22-ри септември годинава на двете локации последователно ќе се организира Регионален реставраторски камп за евиденција, инвентаризација, дигитализација и користење на ГИС платформата за недвижно културно наследство со цел да се постави работен план кој обезбедува негово долгорочно одржување и редовно ажурирање. Резултатите од кампот ќе бидат подлога за создавање на ГИС платформа за недвижното културно наследство и археолошките локалитети од Охридскиот регион со што ќе се обезбеди ГИС базата на податоци која ќе може да ја користи и пошироката јавност а ќе се потхранува со податоци за недвижното културно наследство и заштитените археолошки локалитети собрани и документирани во текот на проектот.

Вкупниот износ на проектот е 55.000 американски долари, предвидено е да трае оваа и следната година, а го реализира м-р Горан Патчев, Виш конзерватор.

Резултатите од проектот и ГИС платформата, ќе се претстават до Комисијата за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион и Заедничкиот комитет за управување со прекуграничното светско наследство „Охридско Езеро“.
(Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Започна исплатата на јунските пензии
Next Нивото на Охридското Езеро се приближува до месечниот просек

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.