Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Новата грчка Влада ќе има од 25 до 27 министри

Новата грчка Влада ќе има од 25 до 27 министри

1 min read

Warning: Attempt to read property "post_excerpt" on null in /home2/totomk/public_html/new.inpress.mk/wp-content/themes/darknews/single.php on line 43

Атина, 22.септември 2015 (ИНПРЕС) – Грчкиот премиер Алексис Ципрас планира да формира малуброен, авторитетен, надежен и флексибилен кабинет, кој ќе вклучува од 25 до 27 министри, а во него ќе учествуваат и вонпарламентарни и политички неангажирани личности, пишува весникот „Вима“.

Новата Влада утре ќе положи заклетва, а потоа премиерот ќе отпатува за Брисел, каде ќе учествува на вонредната седница на Европскиот совет, посветена на бегалската криза.

На седницата Ципрас ќе го претставува и кипарскиот претседател Никос Анастасиадис, кој е во посета на САД на годишната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.

Весникот пишува дека Ципрас планира да го искористи тешкиот светски проблем поврзан со бегалската хуманитарна криза за да ја промени сликата за Грција во светот и да постигне некои од целите во Европа.

„Вима“ тврди дека Ципрас веќе разговарал со некои вонпарламентарни личности околу можноста за нивно учество во новиот владин тим. Тој исто така побарал од некои службени министри да останат во новата влада.

Таков бил случајот со Јанис Музалас, кој се смета дека завршил многу добра работа како министер задолжен за миграциската политика.

Ципрас исто така сакал да го задржи на функцијата и Христос Зоис, досегашен министер за трговска морнарица, како и Димитрис Папангелопулос за министер за правда.

На претседателката функција во Парламентот Ципрас планира да го предложи Јанис Драгасакис, вицепремиер во претходниот негов Кабинет, Евангеос Цакалотос се очекува да биде министер за финансии, а Јоргос Хулиаракис да го преземе новото Министерство, кое ќе се формира и ќе биде одговорно за спроведување на новата програма за реформи, договорена со кредиторите. Никос Христодулакис најверојатно ќе биде нов министер за економија.

„Вима“ пишува дека на средбата со Ципрас, неговиот коалициски партнер Панос Каменос, лидер на партијата Независни Грци, поставил услов во врска со министерските функции во новата влада, барајќи шест министерства, меѓу кои за одбрана, за јавен ред, за трговска морнарица, за правда и за туризам.

Голема е веројатноста дека во новиот тим Каменос ќе остане министер за одбрана, Елена Кундура можно е да се врати на позицијата министер за туризам, а заменик-министерот за внатрешни работи Марија Колија исто така да добие функција.(Крај)

извор:МИА фото:архива

Post navigation

Previous Вучиќ: Го чекаме одговорот на ЕУ до 14 часот, а потоа следуваат контрамерки
Next Собраниска делегација на Интерпарламентарна конференција „Јавниот сервис и парламентите“

Слични вести

Утре прекин во водоснабдувањето на неколку улици Утре прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Утре прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Здравје: Прекумерното пиење овошни сокови, според хепатолозите, може да го оштети црниот дроб Здравје: Прекумерното пиење овошни сокови, според хепатолозите, може да го оштети црниот дроб
1 min read

Здравје: Прекумерното пиење овошни сокови, според хепатолозите, може да го оштети црниот дроб

Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“ Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“

Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.