Охрид, 17. април 2026 (ИНПРЕС) – Дел од охридските основни училишта ги објавија огласите за упис на првачиња во новата учебна 2026/2027 година.
Во прво одделение можат да се запишат сите деца родени во 2020 година, кои до крајот на годинава ќе наполнат шест години, како и деца родени заклучно со 31. јануари 2021 година по претходно барање на родител/старател и добиено мислење од лекар и психолог.
Од документи родителите/старателите треба да обезбедат извод од матичната книга на родените (без разлика на датумот), медицинска потврда за комплетно примени потребни вакцини, како и потврди за извршен стоматолошки и офталмолошки преглед кај детето. Издавањето на потврдите ќе започне на 4 мај.
Документите се доставуваат во соодветното училиште, согласно реонизацијата, во текот на месец мај.
Во тековната учебна година во школските клупи за првпат седнаа 433 првачиња, а во претходните две 436 односно 456 првоодделенци. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива
