Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Овој петок детски музички концерт „Хероите на градот“

Овој петок детски музички концерт „Хероите на градот“

1 min read
Овој петок детски музички концерт „Хероите на градот“

Охрид, 14. октомври 2025 (ИНПРЕС) – И овој петок во трговскиот центар Ohrid Mall нова културна содржина во рамки на проектот на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“.

Ќе се одржи детскиот музички концерт „Хероите на градот“.

– Станете дел од едно ново волшебно музичко-драмско доживување за деца. Концерт исполнет со интерактивност, едукација и радост! На сцената ќе доминира класичната музика, внимателно адаптирана за најмладата публика, во изведба на продукцијата „Триангл“: оперски пејачи, пијано, труба и мандолина. Режијата е на Десанка Глигоријевиќ, самовила: Марика Поповиќ, витез Ане: Андреј Наунов и витез Јане: Јане Дунимаглоски, велат организаторите.

Ова е концерт што ги спојува уметноста и играта, каде музиката зборува на јазикот на детската фантазија. Почетокот е во 19:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

 

Post navigation

Previous Концерт „Охридски гитарски денови“ во ОМУ „Методи Патче“
Next Водостојот на Охридското Езеро и натаму се намалува, падна под природната кота

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.