Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Од јануари ќе се плаќа влез во Аја Софија

Од јануари ќе се плаќа влез во Аја Софија

Истанбул, 2. ноември 2023 (ИНПРЕС) – Странските туристи кои сакаат да ја посетат Аја Софија во Истанбул од јануари следната година ќе мора да платат влез, објави турскиот министер за култура Мемет Нури Ерсој.

Повеќе од 3,5 милиони туристи годишно ја посетуваат византиската црква стара 1.500 години, која со одлука на претседателот Ердоган во 2020 беше претворена од музеј во џамија.

– Ќе воведеме систем за управување со посетители во џамијата Аја Софија, што ќе ги зголеми квалитетот и безбедноста на посетите, изјави Ерсој.

Одлуката ќе стапи на сила на 15 јануари.

Ерсој појасни дека ќе има посебен, бесплатен влез за Турците кои доаѓаат во џамијата за редовни молитви, а туристите ќе влегуваат преку друг влез, каде што ќе плаќаат такса. Тој не кажа колку ќе се плаќа за влез.

Аја Софија, која е културно обележје и за христијаните и за муслиманите, беше претворена во музеј во 1934 година со декрет на Мустафа Кемал Ататурк и во меѓувреме стана најпосетуваната туристичка атракција во Турција. Во јули 2020, турски суд ѝ го поништи статусот на музеј, велејќи дека „нејзиното користење за што било друго освен како џамија е незаконско“. (Крај)

извор: Сакам да кажам фото: архива

Post navigation

Previous Меѓународна резиденција во Охрид за заштита на езерото преку уметност
Next Објавена програмата за одбележување на 79 годишнината од ослободувањето на Охрид

Слични вести

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева
1 min read

Здравје: Вклучете четири намирници во вашата исхрана за поздрави црева

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ
1 min read

Здравје: Нова студија открива што му прави на мозокот една непроспиена ноќ

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Изложба на трудовите од БИМАС 2025 од утре во куќата на Робевци во Охрид

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.