Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • ООУ „Григор Прличев“ во четврток ќе го одбележи патрониот празник

ООУ „Григор Прличев“ во четврток ќе го одбележи патрониот празник

1 min read
ООУ „Григор Прличев“ во четврток ќе го одбележи патрониот празник

Охрид, 3. февруари 2025 (ИНПРЕС) – Со бројни активности, ООУ „Григор Прличев“ од Охрид во четврток ќе го одбележи својот патронен празник.

Програмата по повод патрониот празник е на тема „Споменот на љубовта – светлина што го грее срцето и го води духот“, а ќе се претстават учениците под менторство на нивните наставници и ќе прикажат дел од она што ја одбележа изминатата година во оваа образовна установа.

Во четврток, 6-ти февруари, од 09:00 часот ќе бидат доделени наградите по литературниот и ликовен конкурс, во 10:00 часот ќе биде положен ловоров венец на бистата на Прличев во училишниот двор, а од 10:30 часот во кабинетот по техничко образование ќе се одржи Прличева визита.

Свечената приредба ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 19:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Turkish Airlines започна да ја промовира авиолинијата Истанбул – Охрид
Next Охридското Езеро на 20 сантиметри под февруарскиот просек

Слични вести

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани
1 min read

Забрана за пиење на водата од изворот во Елшани

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Се подобрува водостојот на Охридското Езеро, денес е на кота од 693,63 м.н.в

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма
1 min read

Завидни резултати за охридските стрелци на вториот Куп во гаѓање со воздушно оружје – меѓународна програма

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.