Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Општина Охрид нема изготвено автоматизирана електронска евиденција на улици, па моментално не може да се пристапи кон промена на име на некоја улица

Општина Охрид нема изготвено автоматизирана електронска евиденција на улици, па моментално не може да се пристапи кон промена на име на некоја улица

1 min read

Охрид, 29. август 2023 (ИНПРЕС) – Општина Охрид нема изготвено автоматизирана електронска евиденција на улици, па моментално евентуално носење одлука за промена на име на некоја улица не ќе може да се реализира.

Ова е одговорот на Советот на Општина Охрид и соодветните служби, изнесен на денешната седница, а по неодамнешната иницијатива на независниот советник во охридскиот Градски совет Антонио Наумоски за именување на три улици без уличен систем во градот.

Иницијативата била разгледана со службите, но поради немањето, регистар не можат да се направат промените.

– Иницијатаивата е разгледана со службите на општината, не е спорно ниту предлозите, ниту имињата, но за жал општината сѐ уште нема изготвено автоматизирана електронска евиденција на пропишан законски образец, ниту истата е доставена до Централниот регистар на Република Македонија, рече претседателот на Советот, Сашо Донев.

– Проблематично е ако во моментов преистапиме кон донесување на одлука за промена на имиња на улици. Одлуката нема да може да се реализира. Ние како општина мора прво да пристапиме кон изработка на тој регистар, па да пристапиме кон донесување на вакви одлуки, појасни секретарот на Општина Охрид, Александар Китески.

Китески: Регистрирани се неправилностите во работењето на директорите на ОУ „Григор Прличев“, „Св. Климент Охридски“ и „Христо Узунов“

Претседателот на Советот ги задолжи службите да се изготви изготви регистарот, да се вметнат улиците чии имиња претходно се промениле и понатаму согалсну одлуки да се прават и други промени.

Советникот Наумоски побара одредена временска рамка за изготвување на регистарот, на што му беше одговорено дека би бил готов до крај на оваа година.

Инаку, во иницијативата, советникот Наумоски даде три предлози за именување улици без уличен систем. Тој предложи улицата број 130 да биде именувана во чест на македонскиот политички водач, војвода и еден од водачите ВМРО – Тодор Александров, предлог број 2 е улица без уличен систем да биде именувана во чест на поранешниот Градоначалник Проф. д-р Јован Стојаноски и третиот предлог е именување на улица во чест на нашиот сограѓанин и учесник во Македонското ревулуционерно движење и член на Гемиџиите – Марко Бошнаков. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Dave & Central Cee го претставија заедничкото EP „Split Decision“
Next Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 26. степени

Слични вести

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи
1 min read

ИЈЗ: И понатаму се намалува бројот на заболени од грип, во Охрид евидентирани помалку од 30 случаи

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Водата во Долно Лакочереј безбедна за пиење, во Горно Лакочереј забраната останува на сила

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Се гради модерна водоводна мрежа во Струга

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.