Охрид, 18. февруари 2025 (ИНПРЕС) – Младинската заедница при ОСУ „Св. Климент Охридски” по повод одбележувањето на 21.Февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик организира ораторска вечер.
– Говорот да не е подолг од 3 минути, темата е: Јазикот е наша единствена татковина, рокот за пријавување е до 20-ти февруари во педагошката служба, а најдобрите три добиваат награди. Денот на мајчиниот јазик нè потсетува на важноста од зачувување на јазичната разновидност и борбата против исчезнувањето на јазиците, велат од гимназијата.
Ораторската вечер ќе се одржи во четврток, 20-ти февруари во гимназискиот хол со почеток од 14:30 часот. (Крај)
извор: ИнПрес фото: архива