Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Од утре градежни активности на патниот правец Охрид-Св. Наум

Од утре градежни активности на патниот правец Охрид-Св. Наум

1 min read
Од утре градежни активности на патниот правец Охрид-Св. Наум

Охрид, 18. февруари 2025 (ИНПРЕС) – Почнувајќи од утре ќе се изведуваат градежни активности на патниот правец Охрид-Св. Наум, на потегот пред туристичката населба „Лагадин“.

– Од 19-ти февруари 2025 година, на патниот правец Р1301 Охрид-Св. Наум, пред туристичката населба „Лагадин“, во правец на Св. Наум, ќе се изведуваат градежни работи на пат, информираат од Градежното претпријатие „Илинден“ од Струга.

Овој зафат е дел од реконструкцијата на регионалниот пат 1301, кој води од Охрид до Свети Наум, која започна на 24-ти октомври 2023 година. На делницата која е завршена е извршено парцијално проширување на коловозот на поголемите кривини, а на дел е извршено и тампонирање.

Овој патен правец беше во исклучително лоша состојба и е едно од главните барања на граѓаните за проширување и средување на истиот за да може нормално да се одвива сообраќајот. Води кон селата на овој дел од регионот, манастирот „Св. Наум“, но и кон граничниот премин со соседна Албанија, што го прави особено важен, но и фреквентен, особено во текот на летните месеци. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Post navigation

Previous Црвен крст Охрид ќе им додели признанија на граѓаните кои достигнале јубилејна бројка на крводарувања
Next Ораторска вечер овој четврток во Гимназијата „Св. Климент Охридски”

Слични вести

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите
1 min read

Здравје: Тренер советува како да уживате во скарата без да се здебелите

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек
1 min read

Нивото на Охридското Езеро во рамки на априлскиот просек

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Жителите на дел од населбата Рача неколку часа без вода

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.