Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Отворен Конкурсот за поддршка на проекти од јавен и национален интерес во културата за 2024 година

Отворен Конкурсот за поддршка на проекти од јавен и национален интерес во културата за 2024 година

1 min read

Скопје, 3. октомври 2023 (ИНПРЕС) – Денес напладне беше отворен системот за електронско пријавување на Конкурсот за поддршка на проекти од национален и јавен интерес во културата за 2024 година.

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, соопшти дека главните приоритети за секоја дејност и област остануваат исти, квалитет, иновативност и креативност, а најави и новини и промени во конкурсот направени во конкурсот за поддршка на проекти од национален и јавен интерес од облата на културата за 2024 година.

– Следејќи ги потребите и трендовите, Министерството за 2024 година направи дополнување на постојните области и дејности со нова буџетска програма – креативни индустрии. Тоа значи дека во предлог-буџетот за 2024 година ќе се отвори нова програма со посебни финансиски средства. Условите, правилата и приоритетите за пријавување на новата програма креативни индустрии се објавени на веб-страницата, рече таа.

Костадиновска-Стојчевска појасни дека тој конкурс се однесува само на областите и активностите што се дел од креативните индустрии, а не се опфатени со други конкурси и досега немало можности да бидат финансирани.

– Креативните индустрии стануваат важен двигател во економиите, креираат нови работни места, носат профит, но се и промотори на културниот идентитет. Поставувањето на новата буџетска програма што ќе ги поддржи креативните индустрии е влог во нашиот интелектуален потенцијал и уште една системска поддршка на кутурната индустрија зошто креативноста, иновативноста и оригиналноста се тројство што кулурата ја издигнува на пиедесталот во т.н нова економија, рече таа.

Измени во годинешниот конкурс за финансирање проекти од национален и јавен интерес во културата има и во делот на заштитата на кутурното наследство во трите области што досега беа во иста пријава – библиотечна дејност, музејска дејност и нематеријално културно наследство (заштита на недвижно културно наследство и аудио-визуелни добра).

– Целта ни е да го поедноставеме и олесниме процесот на пријавување. Критериумите, мерилата за оценување на пријавите и начините на финансирање не се променети, станува збор само за посебни пријави, рече таа.

Кога станува збор за проекти од меѓународен карактер, за наредната година предвидена е и финансиска поддршка на иницијативи и проекти кои се во насока на унапредување на стратегискиот дијалог со САД, унапредување на соработката со дрќжавите-членки на Иницијативата „Отворен Балкан“, како и проекти што се во функција на поврзување со дијаспората.

– Приоритет ќе имаат и проектите што ќе не промовираат во градовите – европски престолнини на културата во 2024 година, како и земјите претседавачи со ЕУ наредната година, рече таа.

И оваа година електорнското пријавување целосно ќе се одвива преку националниот портал за е-услуги, а техничките упатства и поддршката при регистрирањето корисниците ќе можат да ги најдат на веб-страницата uslugi.gov.mk како и преку контакт-центарот на националниот портал.

Пријавувањето на Конкурсот за финансиска поддршка за проекти од национален и јавен интерес во културата за 2024 година ќе биде можно до 6-ти ноември до 12:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Полициските службеници од СВР Охрид утре и задутре ќе спроведат боево гаѓање на стрелиштето „Бејбунар“
Next Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“

Слични вести

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Објавени огласите за упис на првачиња, документите ќе се доставуваат во текот на месец мај

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците, ќе се одржи од 23 до 25 април

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград! Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Источен Петок Балаклија: Чудата на Пресвета Богородица со изворот кај Цариград!

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.