Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охридската оперска дива Миланка Новеска вечерва во Лондон ќе дебитира како Риналдо во операта на Хендл

Охридската оперска дива Миланка Новеска вечерва во Лондон ќе дебитира како Риналдо во операта на Хендл

1 min read
Охридската оперска дива Миланка Новеска вечерва во Лондон ќе дебитира како Риналдо во операта на Хендл

Охрид, 19. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Охридската оперска дива Миланка Новеска вечерва во Лондон ќе дебитира во улогата на Риналдо во истоимената опера на Георг Фридрих Хендл.

Пред публиката во The Cockpit Theatre таа ќе се претстави заедно со Ensemble OrQuesta Baroque, Marcio Da Silva и Predrag Gosta кои ќе го оживеат ова неверојатно дело.

– Оваа улога е кулминација на сите години кои ги поминав во светот на Хендл. Барокната опера беше моето креативен рај, а моето деби во „Риналдо“ е мојот најголем успех во досегашното музичко патување, порача Миланка на нејзиниот профил на Facebook.

Операта „Риналдо“, Хендл ја компонира во 1711 година и за првпат била изведена во Лондон. Ја следи приказната за попречената љубов на Риналдо и Алмирена, додека се справуваат со махинациите на перфидните Арганте и Армида.

Ова е само продолжение на успесите на младата охридска оперска дива, која неодамна во Рим блесна во улогата на Росина, во претставата „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини, на 2 април имаше забележителен настап во улогата на Марија Магдалена во легендарната рок-опера „Jesus Christ Superstar“ на Andrew Lloyd Webber и Tim Rice, а минатата недела настапи пред Кралот и Кралицата на Шведска.

Инаку Новеска повторно е добитник на кралска стипендија од Фондацијата „Ингрид и Оскар Фалкман“, доделена од Друштвото на пријатели на Дротнингхолмскиот дворски театар. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

Post navigation

Previous Почнува општинската културно-забавна програма за одбележување на Денот на Охридското Езеро
Next „Mama/Abba“ – нова песна на Тајзи посветена на семејството, верата и вистинските вредности

Слични вести

Меѓународен таеквондо ИТФ натпревар „Ohrid Open 2026“ утре во Охрид Меѓународен таеквондо ИТФ натпревар „Ohrid Open 2026“ утре во Охрид
1 min read

Меѓународен таеквондо ИТФ натпревар „Ohrid Open 2026“ утре во Охрид

Почнува општинската културно-забавна програма за одбележување на Денот на Охридското Езеро Почнува општинската културно-забавна програма за одбележување на Денот на Охридското Езеро
1 min read

Почнува општинската културно-забавна програма за одбележување на Денот на Охридското Езеро

Во охридските средни училишта запишани се 444 полуматуранти, слободни се уште 253 места Во охридските средни училишта запишани се 444 полуматуранти, слободни се уште 253 места

Во охридските средни училишта запишани се 444 полуматуранти, слободни се уште 253 места

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.