Охрид, 2. февруари 2026 (ИНПРЕС) – Нивото на водата во Охридското Езеро продолжува да се зголемува и таквиот тренд трае подолг период.
Според денешните мерења нивото е на кота од 693,53 м.н.в што е за 14 сантиметри над просечното ниво за овој месец (693,39 м.н.в) и 43 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на езерската вода, измерена утрово е 6 степени и е за половина степен пониска од просечната.
Хидролошката состојаба на Охридското Езеро може да се каже дека е на задоволително ниво, езерскиот водостој за една недела пораснал за два сантиметри.
Годинава за разлика од лани езерскиот водостој е во подобра кондиција. Колку за споредба, лани во овој период езерското ниво било околу природната кота од 693,17 м.н.в, односно цели 22 сантиметри под просечното.

Февруари 2025
Во Охрид денес претежно облачно време со услови за слаби врнежи од дожд и снег на повисоките места. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачи до 7 степени.
– Во текот на следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР). (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес
