Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Охрид домаќин на 91 Средба на правниците – ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците – ќе се одржи од 23 до 25 април

Охрид домаќин на 91 Средба на правниците – ќе се одржи од 23 до 25 април

xr:d:DAFekzFCzYc:83,j:1000192308960824699,t:23061211

Охрид, 8. април 2026 (ИНПРЕС) – Од 23 до 25 април во хотелскиот комплекс „Метропол“ ќе се одржи 91 Средба на правниците. Ќе биде опфатен широк спектар на актуелни теми од различни правни области.

Првиот ден ќе биде посветен на прашања од јавен интерес, меѓу кои темата за „Сејф сити“ како механизам за превенција на сообраќајната деликвенција или како инструмент за создавање дисциплинирано општество. Ќе се дискутира и за примената на Законот за управните спорови, со акцент на развојот, предизвиците и одлучувањето во спорови со полна јурисдикција. Дополнително, ќе биде отворена дебата за интерпретативните одлуки како новина во македонското уставно судство.

На 24 април фокусот ќе се префрли на економските и социјалните аспекти на правото. Учесниците ќе разговараат за правните аспекти на заложното право и извршувањето, почнувајќи од обезбедување до наплата. Исто така, ќе се анализира соработката помеѓу судовите и центрите за социјална работа во постапките за доверување деца, како и антикорупциската рамка за јавните претпријатија, со акцент на транспарентноста и одговорноста.

Последниот ден ќе биде посветен на работното право, односно на престанокот на работниот однос и дисциплинските постапки, преку разгледување на законската рамка, судската пракса и практичните дилеми со кои се соочуваат правниците. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous Распоред на богослужби за Велигденските празници
Next Прекинат јавниот повик за субвенционирање на клима уреди и за домаќинствата

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.