Охрид, 6. септември 2023 (ИНПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина.
Денешната фотографија е направена утрово на патеката кај „Островчето“, на локацијата каде своевремено се сликаа фотографиите од проектот „Охрид во 10“ на Супер радио и InPress, кога во текот на целата 2017-та година го сликавме Охрид од еден агол, а подоцна беше издаден и како книга.
извор: ИнПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav








