Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Охриѓанецот Мухамед Максуд Муки остатокот од собраните средства ги донираше за лекување на друго дете

Охриѓанецот Мухамед Максуд Муки остатокот од собраните средства ги донираше за лекување на друго дете

1 min read
Охриѓанецот Мухамед Максуд Муки остатокот од собраните средства ги донираше за лекување на друго дете

Мухамед Максуд Муки

Охрид, 1. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Младиот Охриѓанец Мухамед Максуд Муки, откако собра повеќе од потребните донации за неговиот медицински зафат, остатокот од собраните средства ги донираше за лекување на друго дете.

Имено, 21-годишниот Мухамед Максуд од Охрид, кој е студент и истовремено работи како таксист, треба да оди на трансплантација на бубрег. Тој имал ретка болест на бубрезите, а донор ќе била неговата мајка, јави Фокус.

Мухамед ги собрал потребните средства за трансплантацијата, па дури и повеќе пари од потребната сума од разни хуманитарни канали, а остатокот од финансиите решил да ги редонира за 10-годишната Јована Ѓорѓиева, која боледува од ретката болест WEST Syndrome.

Со својот гест Мухамед покажа дека солидарноста нема граници, но исто така им даде пример и на останатите лица кои се нашле во слична состојба, лекувањето да им зависи од хуманоста на народот, да ја покажат својата големина, и доколку соберат повеќе средства од потребните, да ги редонираат. (Крај)

извор: Фокус/Вики Клинчарова фото: архива

Post navigation

Previous Мицкоски: Дел од автопатот од Арбиново до Охрид, ќе се пушти до мај
Next Пријава за раководител на ПШС „Галичица“ и уште едно лице поради сеча на дабово дрво

Слични вести

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување
1 min read

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот
1 min read

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“ Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“
1 min read

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.