March 10, 2023

Охрид, 10. март 2023 (ИНПРЕС) – Сите градоначалници наназад и основата врз која го поништувале одобренето за градење на хотелот во Лагадин, заради започнување со градба ненавремно и спротивно на одредбите од Законот за градење, веќе не држи вода и со оваа мериторна одлука на втоостепената комисија завршува предметот и процесот за овој инвеститор, рече на денешната прес конферениција градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков правејќи ретроспектива на целата документација.

Потенцира дека во 2020 година општината има потврдено ништовно решение за одобрението за градба, од страна на втроостеоениот орган, а сега мериторно носат одлука со која одобрението за градба од 2016 година добива на правосилност.

Нема достапен опис

– На 23-12 2016 имаме правосилно одобрение за градба издадено за хоелот во Лагадин, врз основа на ништовно одоврение за градење донесено од страна на опшина Охрид на 15.03 2017, тогаш за првпат се прогласува за ништовно ова одобрение за градба, а после него до денес следат 10 ништовни одовренија за градба, а е прогласено за ништовно заради започнување со градба ненавремно и спротивно на одредбите од Законот за градење. Понатаму следат жалби до второстепениот орган неколку на број, пред во 2020 година поточно 30 01 2020 тогаш имаме потврдено ништовно решение за одобрението за градба, значи нашата одлука ја потврдува втроостеоениот орган од министерството за транспорт и врски. Против ова решение покренат е управен спор на Управниот суд и повторно ја враќа на разгледување на првостепениот орган, односно Општина Охрид. Откако сум станат градоначалник на 09 06 2022 е едното прогласување за ништовност и на тоа имаме од министерство за транспорт се понштува решението и педметот се враќа на првостепениот орган на повторна постапка, потенцира Пецаков.

Нема достапен опис

И во следната постапка повторно е прогласена ништовност на истото одобрение, за веќе со 10-то решение од транспорт и врски од 01.12 2022 кое станува правосилно на 01.03 2023 година и се поништува решението, без да се врати повторно на одлучување на провостепениот орган.

Како да постапи општина праша Пецаков, кога веќе сето ова е дадено. Јас не разбирам зошто е повикот по мене, кога дозволија после10 решенија за ништовност да датат мериторно и правосилно решение.

Нема достапен опис

– За првпат во историја, барем за општина Охрид втростепената комисија на транспорт и врски одлучува мериторно, меѓутоа не како што кажува законот на вториот пат дека треба, туку одлучува 10-от пат и му дава правосилност истиот орган, не јас, што значи дека истото одобрение што е издадено во 2016 година сега стапува на сила, додаде Пецаков.

Во однос на прозивката од страна на министерката за култура по седницата на Националната комисија за УНЕСКО, Пецаков смета дека е од незнаење, со оглед на тоа што го води ресорот култура, а не транспорт и врски.

Бидејќи процесот е отворен веќе седма година очекувано е инвеститорот да побара отштета што дополнително би ја отежнало работата на Општина Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес