Пливачкиот клуб „Акваспирит“ ќе одржува тренинзи во базенот во Струга
January 9, 2024

Охрид, 9. јануари 2024 (ИНПРЕС) – Пливачкиот клуб „Акваспирит“ од Охрид ќе започне со тренинзи во внатрешниот пливачки базен во Струга, што неодамна беше пуштен во употреба.

Со оглед на специфичноста на целата организација од клубот информираат дека имаат ограничени временски термини, особено за натпреварувачката група пливачи.

– На располагање имаме три термини во текот на неделата, понеделник ,среда и петок од 19:30 часот, сѐ со цел да бидат опфатени децата што се прва и втора смена на училиште и еден утрински термин за време на викенд почнувајќи од 10:00 часот. За почетничка група со три термини неделно и тоа среда 08:30 – 09:15 часот (за тие што се втора смена) и 16:00-16:45 часот (за тие што се прва смена на училиште) и два утрински термини сабота и недела 09:00 – 09:45 часот. Заинтересираните да испатат податоци за децата: име презиме, година на раѓање и дали е пливач или непливач, со напомена дека во натпреварувачката група приоритет имаат пливачите кои се веќе регистрирани пливачи и имаат досегашни настапи за ПК „Акваспирит“, додаваат од клубот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива