Скопје/Белград, 30. октомври 2015 (ИНПРЕС) – Владата на Јапонија донесе одлука за обезбедување на неповратна помош на Република Македонија и Република Србија во вкупна вредност од 500.000 американски долари.
Оваа итна неповратна помош ќе биде спроведена преку Меѓународната Организација за Миграции.
Проектот има за цел да ги подржи постојните напори на Владите на поранешната Југословенска Република Македонија и Србија да ги адресираат најитните потреби и приоритети за адресирање на тековната миграциска состојба во овие земји.
Проектните активности вклучуваат развој на информативни материјали, обуки, подршка на социјалните служби при транспорт на ранливите категории на мигранти, како и подобрување на условите за прифат на бегалците и мигрантите. (Крај)
извор: Инпрес фото: архива