Охрид, 27. јуни 2023 (ИНПРЕС) – Заклучно со денес 27-ми јуни, до Општина Охрид се пристигнати над 400 барања за надомест на штети предизвикани од силното невреме што во саботата го зафати Охрид, информираат за Супер радио и InPress од локалната самоуправа.
Во најголем дел поднесените барања се од земјоделци. Што се однесува до структурата на барањата и висината на штетите, тоа ќе се утврдува по завршување на рокот за поденсување барања, односно петок 30-ти јуни.
Барањата подигаат во архивата на Општина Охрид, а кон барањето задолжително се приложува имотен лист и лична карта. Потоа комисија ќе излезе на терен да изврши проценка. Настанати штети може да се пријават само за недвижен имот и за земјоделски култури. (Крај)
извор: ИнПрес фото: ИнПрес