Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Топ Вести
  • Познати готвачи денеска на пикник во „Св. Наум“ ќе подготвуваат рибја чорба

Познати готвачи денеска на пикник во „Св. Наум“ ќе подготвуваат рибја чорба

1 min read
Познати готвачи денеска на пикник во „Св. Наум“ ќе подготвуваат рибја чорба

Св. Наум од дрон

Охрид, 11. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со масовен пикник и подготовка на рибја чорба, како заокружување на осмото издание на „Гастромак“ и гастрономско-едукативниот настан организиран од Факултетот за туризам и угостителство Охрид, денеска ќе се одбележи празникот 11. Октомври.

– Во 11:00 часот во „Св. Наум“, сите ќе готвиме, ќе се слушне изворниот македонски фолклор и ќе се вкуси традиционалната храна на овој крај. Предвиден е масовен излет и најважно – сите се добредојдени, порачуваат од „Гастромак“.

Најинтересниот момент е подготовка на рибја чорба од страна на најголемите готвачки брендови: Стево Карапанџа, Изток Легат, Драгица Лукин, Дон Давид, Жељко Бремец, професорот од ФТУ Охрид Климент Наумов, сите пријатели на „Гастромак“, а тука е и Адријана Алачки, првиот човек на оваа национална асоцијација на готвачи.

Во рамки на гастрономско-едукативниот настан на ФТУ Охрид се одржаа Мастер класови во кујната на факултетот од областа на слаткарството и подготовката на јагнешко месо на традиционален начин, предводени од шеф Драгица Лукин и шеф Жељко Невен Бремец. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Мега продукција/архива

Post navigation

Previous Охрид најубав: 11. октомври 2024 година
Next „Форт кафе“ организира хуманитарна акција: Со љубов за Бојана

Слични вести

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување
1 min read

Јакимоски: Група ентузијасти без музичка наобразба го формиравме ВИС „Соколи“, настапувавме на игранки што за тогашната младина беа доживување

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот
1 min read

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење во градот

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“ Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“
1 min read

Утре започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.