Skip to content
Inpress

Inpress

Брзо, Точно, Проверено

  • Дома
  • ВЕСТИ
    • Култура
    • Репортажа
  • СВЕТ
    • Балкан
    • Македонија
    • Охрид
    • Струга
  • ХРОНИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
  • СПОРТ
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • Home
  • Вести
  • Познати саатниците за натпреварите од ракометниот Куп на Македонија

Познати саатниците за натпреварите од ракометниот Куп на Македонија

1 min read

Охрид, 9. мај 2023 (ИНПРЕС) – Познати саатниците за натпреварите од ракометниот Куп на Македонија што од 11-ти до 13-ти мај ќе се одржуваат во Охрид.

Согласно ждрепката, Вардар ќе се обиде да го одбрани трофејот вкрстувајќи со Алкалоид, додека актуелниот лидер на првенството Еурофарм Пелистер ќе се сретне со Пролет. Во женска конкуренција ќе се сретнат ЖРК Вардар и Ѓорче Петров, а втората двојка ја сочинуваат бранителот на титулатра Металург и екипата на Куманово.

На 11-ти мај од 17:30 часот играат Еурофарм Пелистер и Пролет, а од 20:00 часот Алкалоид и Вардар.

Следниот ден во истите термини играат жените, тимовите на Металург и Куманово, односно Вардар и Ѓорче Петров.
Финалните натпревари ќе се играат в сабота, на 13-ти мај и тоа од 15:00 часот во женска, а од 18:00 часот во машка конкуренција.

Инаку од денес напладне започнува продажбата на билети за куп натпреварите. Продажба ќе се врши на две локации, на билетарата на СРЦ „Билјанини Извори“ и во охридската чаршија, а ќе може да се купат до почетокот на натперварите.

Ќе се продаваат поединечни билети за полуфиналните пресметки во машка и женска конкуренција по цена од 100 денари. За финалето во двете конкуренции, билет ќе чини 200 денари. Постои можност да се купи и блок влезница за сите шест средби и ќе чини 600 денари. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Post navigation

Previous На 17-ти мај аудиција за упис на ученици во ОМУ „Методи Патче“
Next Предлог законите за коридорите утре на пленарна седница, продолжува дебатата за употребата на европското знаменце

Слични вести

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор? Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?
1 min read

Здравје: Мисиркино или пилешко месо – што е подобар избор?

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија
1 min read

Литургија по повод празникот Источен петок – Балаклија

Copyright © All rights reserved. | DarkNews by AF themes.