July 15, 2015

Белград, 15.јули 2015 (ИНПРЕС) – Човекот од протокот кој го однел српскиот премиер Александар Вучиќ и српската делегација директно во толпата во Меморијалниот центар во Поточари е Ален Коминлија со прекар Нане. Тој е поранешен телохранител на Алија Изетбеговиќ, пишуваат српските медиуми.

– Од влезот во Меморијалниот центар пред нас постојано одеше човек од протоколот и ни кажуваше што треба да правиме. Тој беше тука кога премиерот се запозна со „Мајките од Сребреница“, тој одреди Вучиќ да биде во вториот ред на комеморацијата. Според протоколот тој ни ја одреди патеката по која бевме доведени пред масата која не гаѓаше со камења, вели еден од придружниците на Вучиќ кој сакал да остане анонимен.

Коминлија се гледа и на фотографиите од инцидентот на чело на колоната од делегацијата на Вучиќ.

Тој е поранешен припрадник на единицата „Бисери“ која во текот на војните во 90-тите го чувала претседателството на БиХ и Алија Изетбеговиќ.(Крај)

извор:Република фото: архива