Потпишани договорите за изградба на спортска сала во ОУ „Ванчо Николески“ и нова училишна зграда во ОУ „Кочо Рацин“
December 19, 2023

Скопје/Охрид, 19. декември (ИНПРЕС) – Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков со министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска во Владата ги потпиша договорите за изградба на спортска сала во ОУ „Ванчо Николески“ во село Лескоец, како и за реконструкција и адаптација на простор за нова училишна зграда за потребите на ОУ „Кочо Рацин“.

Владата неодамна донесе одлука за пренамена на буџетски средства во износ од две милијарди денари коишто ќе бидат насочени за реализација на 66 проекти во 44 општини во Република Македонија. За зафатите во Охрид се пренаменети 90 милиони денари од централниот буџет. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива